СЗО претходно овој месец рече дека податоците не укажуваат на потребата од дополнителна вакцина и дека ревакцинацијата на целосно вакцинирани лица дополнително ќе ја зголеми нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните земји.
„Трета доза од вакцината не е луксуз кој е одземен од некој друг што сè уште чека на прва доза. Тоа е начин да се заштитат најранливите“, рече Ханс Клуге, шеф на СЗО Европа, на брифинг со новинарите.
Клуге, исто така, рече дека порастот на стапката на пренос на заразата со ковид-19 низ Европа во текот на изминатите две недели, со ниски стапки на вакцинација во некои земји, е длабоко загрижувачки.






