среда, 22 април 2026

Свештениците вмешани во една третина од случаите на педофилија во Полска

Објавено на

часот

Сподели

„Државната комисија за истражување на педофилијата проучува сто (од вкупно 345) случаи во кои свештениците се наведени како сексуални злоупотребувачи на деца под 15-годишна возраст“, се наведува во првиот извештај претставен на медиумите.

Биле поднесени 55 барања за истрага до Државното обвинителство, од кои 36 се однесуваат на непријавување педокриминал до надлежните органи.

Во 35 проценти од случаите сторителите се членови на семејството на жртвата, додава Комисијата.

Ова тело е формирано во 2019 година и во извештајот дава низа законски препораки заради забрзување на постапките и понатамошна заштита на жртвите на педокриминал.

Се посочува и дека и покрај барањата, од Католичката црква не добило документација за случаите на педофилија.

„Неколку пати добивме уверувања за подготвеноста за соработка (на црквата) и го пофалуваме тоа, но сè уште не видовме дека тие уверувања се остварија“, им рече на новинарите претседателот на комисијата, Блажеј Кмиецијак.

На крајот на јуни, Католичката црква во Полска во својот извештај наведе дека од 2018 година, таа добила стотици нови тужби за сексуално злоставување малолетници за кои се одговорни свештеници.

Од јули 2018 година до крајот на минатата година, според нејзиниот извештај, во црквата биле пријавени 368 случаи на целосна злоупотреба извршени од 1958 година до минатата година.

Црквата проценува дека 39 проценти од тужбите се покажале основани. Истрагите продолжуваат за нешто помалку од 51 процент од другите случаи, а 10 проценти од тужбите се отфрлени поради недоволна веродостојност.

Светата столица од минатата година казни осум полски бискупи за прикривање свештеничка педофилија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ