среда, 22 април 2026

Судот во Хаг го одби барањето, Тачи останува во притвор

Објавено на

часот

Сподели

Тачи претходно бараше да биде пуштен во една од двете држави кои на судот му дале гаранции, и таму да биде во домашен притвор под услови кои ќе ги одреди судот.

Државите се финансиери на судот и членки на НАТО, прецизирал Тачи во барањето.

Според официјалните податоци, судот чиј официјален назив е Специјализирани совети за Косово, финансиски го поддржуваат Канада, Норвешка, Швајцарија, Турција и САД. Само Швајцарија не е членка на НАТО.

Одбивајќи го барањето, судијата за претходна постапка Николас Гију се сложил со аргументот на обвинителството дека гаранции од трети држави не можат на соодветен начин да ги намалат ризиците кои би ги донело пуштањето на Тачи од притвор.

Иако прифатил дека ризикот од бегство на Тачи од домашен притвор во трета земја би можел да биде сузбиен, судијата Гију заклучил дека не би можел да се ограничи ризикот дека обвинетиот ќе ја опструира работата на судот, ќе влијае врз сведоците и ќе го повтори кривичното дело.

Според судијата, „само системот за следење на комуникацијата на Тачи во притворот на судот може ефикасно да го ограничи ризикот тој да го опструира правосудниот процес или да изврши кривично дели или да придонесе во тоа дело“.

Гију го отфрли тврдењето на одбраната дека Тачи на Косово повеќе нема влијание какво што имал поради поразот на неговата партија на неодамнешните избори.

Судијата заклучи дека на влијанието и мрежата на поддржувачи која ја има Тачи, како поранешен командант на УЧК, премиер и претседател на Косово, нужно не влијаат резултатите на изборите.

Повторно истакнувајќи дека на Косово „преовладува клима на заплашување на сведоците“, судијата Гију оцени дека претходните обиди да се опструираат судот и обвинителството „покажуваат дека постои веројатност Тачи повторно да изврши кривични дела“, особено сега кога е запознаен со повеќето докази против себе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ