Судирите почнаа вчера околу 23 часот по локално време по нападот на милитантите и сѐ уште траат, пренесува руската агенција ТАСС.
Засега не е познат бројот на жртвите.
Вчера припадници на талибанците тврдеа дека успеале да освојат три важни региони, како и планинските превои во Панџшир, и дека наскоро ќе прогласат „целосна победа“.
Меѓутоа, силите на отпорот подоцна ги негираа овие информации.
Фронтот за национален отпор на Авганистан, познат и како Панџширски отпор и Втор отпор, е воен сојуз на поранешни членови на Северната алијанса, составена од војски на различни воени команданти, и други борци против талибанците што ѝ остануваат лојални на Исламска Република Авганистан.






