Предупредувањето дошло по состанокот во просторијата за планирање во Белата куќа, каде што Бајден се состанал со претставници на националната безбедност, војската и дипломатите ден по терористичкиот напад на таканаречената Исламска држава во близина на аеродромот во Кабул, во кој беа убиени голем број цивили, како и 13 американски војници, пренесе Ројтерс.
Советниците му рекле на Бајден дека следните неколку дена евакуација од Авганистан ќе бидат најопасните досега.
Тие додале дека нов терористички напад е мошне веројатен, иако американските сили планирале да го нападнат разгранокот на Исламска држава, ИСИС-Х, како одговор на сериозното злосторство.






