Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави за медиумите дека 1,3 милиони дози вакцини против коронавирус ќе бидат доставени до механизмот Ковакс.
„Во наш интерес е целиот свет да се вакцинира, бидејќи пандемијата ќе заврши кога вирусот ќе биде под контрола во целиот свет“, рече тој.
Германија, исто така, во иднина ќе се откаже и од дозите на вакцината Џонсон и Џoнсон.






