Итно се евакуирани 120 луѓе што биле во летниот камп во близина на вештачката брана на Панјона, во околината на градот Леко, поради закана од излевање на водата од акумулационото езеро, чие ниво го достигна својот максимум.
И во Милано, административниот центар на покраината Ломбардија, цивилната заштита и пожарникарите интервенираа цела ноќ по повик на граѓаните.
Малите реки и потоците се излеаја, а засега се потопени некои објекти во индустриската зона во градот.
На северот во Болцано свлечиште го блокираше сообраќајот на регионалниот пат, а поради лошите временски услови, железничкиот сообраќај од Бренер беше прекинат.
Властите ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни и да ја следат ситуацијата и советите за цивилна заштита.






