четврток, 23 април 2026

Филипче: Пржинската влада не смее да падне

Пржинската влада мора да остане, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Објавено на

часот

Сподели

Филипче на прес-конференција во Собранието нагласи дека со целосно автократскиот манир на владеење на аклтуелната власт, пржинската влада е единствен контролен механизам што гарантира фер и слободни избори.

„Овој целосно автократски манир на владеење на оваа власт што го гледаме е еднаков на владеењето на Никола Груевски. Ако денеска помине на комисија овој Закон за Владата каков што е, нашата пратеничка група се повлекува од работната група за Изборниот законик“, изјави Филипче.

Тој посочи дека како партија мора да укажат и граѓаните да знаат со каква власт имаат работа и зошто, како што нагласи, се бега од контрола и механизам што гарантираат фер и слободни избори.

„Ова е автократска власт. Апсолутно корумпирана. Зошто не сакаат да остане пржинската влада.?Од што се плашат и бегаат ?“, прашува Филипче.

Тој, исто така изрази уверување дека ќе има предвремени избори посочувајќи дека затоа им се брза со овие законски измени.

„Им се брза зашто снемува пари во буџетот за нивните бизнис-интереси. Се брза да се донесе законот за да се распишат предвремени избори. Законот за избори не може да се донесе без нашата пратеничка група“, нагласи Филипче.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ