сабота, 25 април 2026

Шпанската полиција ја уништува албанската мафија

Објавено на

часот

Сподели

Истрагата траела повеќе од една година и на крај биле уапсени 107 лица поврзани со албански криминални групи, кои шверцувале марихуана низ Европа, објави шпанската полиција.

Наводните криминалци се уапсени на 51 локација во Шпанија, а за време на акцијата се уништени 25.000 садници марихуана, еден тон спакувана дрога, 70.000 евра и дел од оружје и опрема.

Полициската акција ги опфатила Тарагона, Барселона, Ѓирона и Кастељон, а полицајци од Албанија и Германија исто така учествувале во процесот на идентификување на криминалците. Во акцијата учествувале четиристотини агенти.

Шверцот на марихуана ѝ овозможи на албанската мафија „да се натпреварува со други криминални организации, како што е италијанската или балканската мафија“, соопшти шпанската полиција.

Полицијата, исто така, изјави дека нелегалните плантажи на марихуана краделе струја од локалните мрежи, со што е предизвикана штета проценета на околу 1,6 милион евра.

Шпанската полиција предупреди дека во моментов се спроведуваат неколку акции против албанската мафија, главно под закрила на Европол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ