сабота, 25 април 2026

Шефот на турската дипломатија: Не доаѓа предвид да земеме дополнителен товар од бегалци

Објавено на

часот

Сподели

Случувањата во Авганистан ја загрижуваат Европската Унија која се плаши од повторување на бегалската криза од 2015 кога околу милион луѓе бегајќи од војна и сиромаштија од Блискиот Исток поминаа од Турција во Грција на пат кон северот на Европа.

За да го сопре приливот на бегалци ЕУ во 2016 постигна договор со Турција да ги прифати Сиријците кои бегаа од војната во татковината во замена за милијарди евра за бегалски проекти.

Чавушоглу кажа дека Европа и земјите од регионот ќе бидат погодени ако миграцијата од Авганистан се претвори во криза и дека би требало да извлечат поука од сириската бегалска криза.

„Турција ги изврши своите морални и хуманитарни одговорности во врска со миграциите“, кажа Чавушоглу на заедничката конференција за новинарите одржана со германскиот колега Мас.

„Не доаѓа предвид да преземеме дополнителен товар од бегалци“, кажа Чавушоглу.

Во Турција во моментов се наоѓа најголемата светска бегалска популација од 3,7 милиони сириски бегалци, со дополнителни 300.000 Авганистанци.

Мас кажа дека Германија ѝ е благодарна на Турција за понудата да продолжи да помага во управувањето со аеродромот во Кабул по повлекувањето на НАТО и дека Германија е спремна финансиски и технички да ја поддржи.

„Во наш интерес е да се обезбеди колапсот во Авганистан да не го дестабилизира целиот регион“, се наведува во соопштението.

Мас е на турнеја во која, покрај Турција, ќе ги посети Таџикистан, Узбекистан, Пакистан и Катар за да им ја покаже германската поддршка на земјите кои веројатно ќе претрпат последици од кризата во Авганистан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ