сабота, 25 април 2026

Северна Кореја се подготвува за воена парада

Објавено на

часот

Сподели

Можниот датум за одржување на таквиот настан досега не е потврден, а Северна Кореја ги користеше неодамнешните паради за презентација на нова воена опрема, вклучувајќи ги големите балистички проектили, јавува Ројтерс.

„Подготовките за голема парада обично почнуваат еден до два месеци однапред, понекогаш и повеќе“, соопшти американскиот портал 38 норт кој ја следи Северна Кореја со сателитска фотографија која прикажува трупи на полигонот за парада Мирим во Пјонгјанг.

Според нивните тврдења, тоа може да укажува на претстојна воена парада во октомври, како што беше случајот минатата година.

На таа смотра севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун откри дотогаш невидени интерконтинентални балистички ракети, а уште една воена парада беше одржана во јануари.

Организацијата со седиште во Сеул НК про објави сателитски снимки на кои десетици воени камиони и најмалку 14 единици со околу 300 војници биле на полигонот во понеделникот, а трупите биле повторно видени на снимките од средата.

Во Северна Кореја наскоро ќе се прослават државните празници Ден на државноста на 9 септември и годишнината од формирањето на владејачката партија на 10 октомври, што се погодни термини за воена парада, а Пјонгјанг со свечена смотра  на трупите може да го одбележи и 8 октомври, кога Ким ќе ја прослави десетгодишнината од своето поставување за врховен командант на оружените сили.

Разговорите за нуклеарно разоружување на Пјонгјанг се во застој во последните години, а администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека ќе вложи дипломатски напори за да постигне севернокорејска денуклеаризација, но засега не покажа волја да ги ублажи санкциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ