среда, 22 април 2026

Секој кој Република Српска или Србите ќе ги нарече геноцидни кривично ќе одговара

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката на РС Жељка Цвијановиќ најави денес две законски решенија кои ќе бидат упатени во парламентарна процедура оваа недела и истакна дека се исклучително важни и де резултат на денешниот договор на лидерите на парламентарните партии.

Иако претставниците на партиите денес не сакаа да зборуваат за што станува збор, Цвијановиќ наведе дека тие законски решенија во парламентарна процедура ќе ги испратат пратеничките групи на сите политички партии на Република Српска и изрази уверување дека тоа ќе се случи во следните неколку дена.

Како што пренесува босанскиот портал Кликс, станува збор за две законски решенија кои би требало да се најдат на специјална седница, а го третираат нарекувањето на РС геноцидна творба или српскиот народ геноциден.

Тоа би значело дека секој кој ќе ја нарече Република Српска геноцидна творба или српскиот народ геноциден кривично ќе одговара. На овој начин политичките претставници на РС сакаат да „одговорат“ на одлуката на специјалниот претставник Валентин Инзко за измените на кривичниот закон на БиХ со кои се забранува и казнува негирање на геноцид.

Другиот закон кој е во подготовка се однесува на отфрлање на сите одлуки кои ги наметна високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ