Обуката е одржана од безбедносната компанија со седиште во Арканзас, Тиер 1 груп, која е во сопственост на приватната компанија Серберус Капитал Менаџмент, а била од одбранбена природа и осмислена за заштита на саудиските лидери, објави Њујорк тајмс.
Новинарот на Вашингтон пост Џамал Кашоги е убиен во комплексот на саудискиот конзулат во Истанбул, на 2 октомври 2018 година, кога отишол во конзулатот за да добие документи потребни за брак, а неговите останки никогаш не се пронајдени.
Турција за убиството на новинарот ги обвини саудиските власти, но тие негираат дека во овој ужасен настан бил вклучен политичкиот врв.
Ријад првично го негираше убиството, а потоа тврдеше дека тоа го извршиле саудиски агенти кои дејствувале самостојно. Според саудиските власти, станува збор за „одметната операција“. За убиството обвинија дваесетина пониско рангирани одметнати офицери, од кои пет од нив по судењето што траело една година се осудени на смрт.
Сепак, во септември минатата година, нивните казни биле намалени на по 20 години, откако синовите на новинарот им простиле.






