сабота, 25 април 2026

Салех: Не ги признавам талибанците, нема да се предадам

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Авганистан Ашраф Гани ја напушти земјата неколку часа пред талибанците без борба да ја преземат контролата над главниот град Кабул на 15 август.

Салех, кој до тогаш беше потпретседател на државата, замина во провинцијата Панџшир и два дена подоцна се прогласи за легитимен наследник на Гани.

Со поддршка од синот на народниот херој Ахмад Шах Масуд, кој беше убиен пред 20 години, Салех сега ја користи долината во Панџшир како база од која организира движење на отпор против исламистите од Кабул, пренесува германски Шпигл. Паралелно во тек се разговори во Кабул меѓу членови на бившата влада и талибанците.

Салех ѝ испратил писмо на новинарката на Шпигл Сузан Келбл преку апликацијата Ватсап од „безбедносни причини“, бидејќи телефонските повици, како што навел, се премногу опасни, бидејќи можат да се следат. На три страници Салех се осврнува на уривањето на владата на Гани и го предвидува падот на талибанците, нарекувајќи ја Америка „наивна“.

„Географски сме изолирани, но политички и морално Авганистан е со нас. Талибанците никогаш не верувале во политички договор. Ги искористија наивноста, слабоста и кратковидоста на Белата куќа и под Доналд Трамп и под Џозеф Бајден“, напишал, меѓу другото, Салех.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ