„Воздушниот напад со беспилотно летало се случи во авганистанската провинција Нангархар. Според првите информации, ние ја убивме целта“, рече Бил Јурбан од американската Централна воена команда.
Функционерот додаде дека според нивните информации, нема цивилни жртви и наведе дека ова е прв воздушен напад на американската армија по нападот врз аеродромот во Кабул, кој беше извршен во четвртокот.
Нападот врз американската армија се случи додека под строг надзор под строг надзор се одвиваше евакуацијата на аеродромот во Кабул.
Пред американскиот напад, Амбасадата на САД во Кабул побара од своите граѓани да го напуштат аеродромот.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во четвртокот на аеродромот, во кој загинаа 13 американски војници и неколку десетици цивили.






