Фондацијата за борба против корупцијата (ФБК) на Навални објави на Твитер дека властите би можеле да ја блокираат и интернет страницата „Паметно гласање“.
Таа страница тимот на Навални ја направи пред септемвриските парламентарни избори, со цел да биде поразена владејачката партија Единствена Русија на претседателот Владимир Путин, пренесува Радио слободна Европа.
Роскомнадзор соопшти дека страницата е блокирана на 15 јули на барање на државното обвинителство.
Според официјалното објаснување, одлуката е донесена бидејќи интернет страницата „navalny.com“ наводно „содржела повици на масовни немири, екстремистички активности и учество во масовни (јавни) настани со кои се кршат утврдените прописи“.






