Претседателот им предаваше на ученици во детски центар во градот Владивосток на Далечниот Исток, на првиот училиштен ден. „Историјата не е само интересна и важна тема, туку и основа на сите хуманитарни знаења“, им рече тој на учениците.
За време на своето обраќање, кое беше пренесувано и на телевизија, Путин ја опиша битката кај Полтова во 1709 година, во која Петар Велики извојува решителна победа против Шведската империја, како настан за време на „Седумгодишната војна“.
Тој беше брзо поправен од Никанор Толстих, средношколец од Воркута, кој рече дека војната не била Седумгодишната војна, туку Големата северна војна, и дека траела од 1700 до 1721 година.
„Да, се разбира, 21 година. Благодарам“, рече Путин.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=a_1YvOoifT8&t=360s autoplay:0]Наводно, директорот на момчето го укорил за „дрскост“, откако тоа го оспорило знаењето на Путин за воената историја.
Запрашан за муабетот следниот ден, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, рече дека „категорично не се согласува“ со мислењето на директорот дека Толстих покажал дрскост кога го коригирал претседателот.
„Убедени сме дека никој не би го протерал ова дете, особено таков талентиран познавач“, рече тој.
На истата средба, 10-годишен ученик побара од Путин да се претплати на неговиот јутјуб-канал, видно збунувајќи го претседателот бидејќи руските зборови за „претплати“ и „потпише“ се исти.
Може да се слушне како Путин неколку пати го прашува ученикот каде сака да му се потпише. Ученикот потоа му објаснува дека Јутјуб е социјална мрежа каде што треба да се пријавите за да ја следите содржината.
Школьник попросил Путина подписаться на его YouTube-канал. “Подписать что нужно? Я не понял. Что я должен подписать?” – сначала не разобрал президент. Но потом пообещал, что подумает. pic.twitter.com/J3qtOlMKRy
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) September 1, 2021






