сабота, 25 април 2026

Русите тврдат: Портпаролката на Навални ја напушти земјата

Објавено на

часот

Сподели

Еден од изворите вели дека Јармиш отишла во финската престолнина Хелсинки, а Јармиш сè уште не коментирала. Рускиот суд претходно овој месец ѝ изрече 18-месечно ограничување на движењето на Јармиш, откако пресуди дека ги прекршува епидемиолошките мерки.

Руските власти жестоко ја сузбиваат опозицијата воочи парламентарните избори следниот месец, а многу од важните сојузници на Навални ја напуштија Русија за да не се соочат со рестрикции или да завршат во затвор.

Судот ѝ забрани на Јармиш да го напушта својот дом во текот на ноќта, да присуствува на политички собири и да го промени местото на живеење без претходна најава. Таа беше осудена за кршење на епидемиолошките мерки на нелегален протест за поддршка на Алексеј Навални минатата зима. Јармиш вели дека пресудата е политички мотивирана и дека поднела жалба.

Навални е осуден на две и пол години затвор за пркршување на условната казна што ја доби за финансиска проневера. Навални тврди дека тоа е политичка пресуда и ја обвинува власта дека го користи судството за да ги замолчи своите критичари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ