сабота, 25 април 2026

Русија ќе гради нов град

Објавено на

часот

Сподели

Путин го потпишал планот за време на економскиот форум во Владивосток, град на крајниот исток на земјата.

Спутник треба да биде оддалечен околу 30 километри од Владивосток, кој од Кина е оддалечен над 2.000 километри.

Плановите предвидуваат да стане индустриски центар во кој еден ден ќе живеат 300 илјади луѓе.

Спутник, кој на руски значи „сопатник“ или „сателит“, е назив на првиот вештачки сателит на Земјата кој Советскиот Сојуз го лансираше во 1957, што предизвика загриженост во Вашингтон кој со Москва беше во „вселенска трка“ во рамки на Студената војна.

Минатото лето Русија стана првата земја која разви вакцина против ковид-19, и го нарече Спутник V во чест на таа победа во вселенската трка.

Вакцината досега е одобрена во 70 земји.

Пред потпишувањето на договорот за изградба на новиот град министерот за одбрана Сергеј Шојгу се заложи за изградба на неколку нови градови во источен Сибир за зафрлениот регион да стане поатрактивен за жителите на Русија.

Сè повеќе Руси се селат во престолнината Москва поради подобрата инфраструктура од кој било град во земјата и повеќето шанси за вработување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ