сабота, 25 април 2026

Протест на жените во Авганистан: Бараме право на образование и на работа во сите сектори

Објавено на

часот

Сподели

Десетици демонстрантки се собраа во центарот на третиот по големина авганистански град и ги повикаа талибанците и другите релевантни субјекти да ги заштитат правата и слободите на жените од идната авганистанска влада.

„Државата што не ги поддржува своите жени не може да биде долгорочна“, беше главната порака што демонстрантките ја испратија од платото пред канцеларијата на гувернерот на провинцијата Херат. „Ниту една влада не може да преживее без поддршка од жените“, беше уште една од пораките.

Жените во Авганистан бараат да се заштитат нивните права на образование и на работа во сите сектори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ