сабота, 25 април 2026

Проектот на кој Трамп фрли милијарди долари сега е во кал (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Иако е направен со цел да ги задржи емигрантите кои нелегално ја минуваат границата и влегуваат во САД, овој ѕид не беше доволно силен ни да издржи посилен дожд.

На снимките кои кружат по социјалните мрежи се гледа дел од ѕидот кој водата го уништила. Масивните метални капии паднале од шарките од притисокот на водата и сега лежат во калта. Големите поплави кои ја погодија јужна Аризона нанеле штета и на други делови на ѕидот.

Портпаролот на американската царина и погранична заштита им потврди на медиумите дека ѕидот е оштетен на неколку места од поплавите.

„Граничната патрола работи на проценка на штетата и евентуалните поправки“, изјави тој.

Оваа година поголемиот дел од Аризона го погоди сериозна суша, а некои делови пак ги погодија рекордни врнежи. Регионот на резерватот Даглас претрпе двојно поголемо количество врнежи годинава, објави американскиот Национален метеоролошки центар.

Изградбата на ѕидот на границата со Мексико беше едно од главните ветувања на претседателската кампања на Трамп во 2015 година, кога се обврза, меѓу другото, дека изградбата ќе ја плати Мексико. Тоа, нормално, не се случи. Тогашниот претседател на САД потроши милијарди долари за реализација на само еден дел од своето најголемо ветување. Сепак, до моментот кога Трамп се повлече од Белата куќа и му го препушти местото на Џо Бајден, беа изградени само 727 километри ѕид.

Сегашниот претседател Џо Бајден ја сопре изградбата.

Ѕидот граден набрзина беше мета на разни критики, меѓу другото дека се занемарени законите за заштита на животната средина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ