сабота, 25 април 2026

Претседателката на Европската комисија: Постигнавме голема цел, 70% од возрасните се целосно вакцинирани

Објавено на

часот

Сподели

„Седумдесет проценти од возрасните во Европската унија се целосно вакцинирани. И тоа се повеќе од 250 милиони лица“, рече Фон дер Лајен во кратката видео изјава, оценувајќи го тоа за „големо достигнување“.

„Но, пандемијата не е завршена и ние мора да останеме будни“, рече таа, повикувајќи повеќе Европејци брзо да се вакцинираат за „да се избегне нов бран на инфекција и појава на нови варијанти“.

Унијата, исто така, треба да им помогне на другите земји да се вакцинираат, додаде таа, „бидејќи оваа пандемија ќе ја победиме само ако ја победиме во секое ќоше на земјината топка“.

Кампањата за вакцинација на Европската унија започна на крајот на 2020 година, а целта на Комисијата е да вакцинира 70% од луѓето постари од 18 години до крајот на септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ