Полицијата во Викторија соопшти дека шест полицајци биле хоспитализирани. Неколкумина биле соборени на земја и прегазени, соопшти полицијата, како што е потврдено и со објавените снимки.
Melbourne
Australia ??* Crazy Times *
When you Cage people …
Protesters break through the police line …#Antilockdown pic.twitter.com/tQWX1gnxGp
— Ignorance, the root and stem of all evil (@ivan_8848) September 18, 2021
Околу 700 луѓе успеале да се соберат во делови на Мелбурн, додека 2.000 полицајци се погрижиле да не влезат во центарот на градот, поставувајќи контролни пунктови и барикади. Јавниот превоз во градот бил во прекин.
Во Сиднеј полицијата исто така спречила големи собири.
Австралија се бори со делта варијантата на вирусот од средината на јуни, во Сиднеј, Мелбурн и главниот град Канбера, кој со недели е под строг карантин. Во саботата, пријавени се 1.882 нови случаи на коронавирус, повеќето во Сиднеј.
Повеќето рестриктивни мерки ќе останат на сила во Викторија, Нов Јужен Велс и Канбера додека барем 70 проценти од луѓето над 16 -годишна возраст не се целосно вакцинирани, што со сегашната стапка на вакцинација може да се очекува кон крајот на октомври или почетокот на ноември.
Досега, само 85.000 случаи на инфекција и 1.145 смртни случаи се пријавени во Австралија од почетокот на пандемијата.
Повеќето Австралијци ја поддржуваат вакцинацијата и мерките за јавно здравје, но досега имало повремени, а понекогаш и насилни протести против начинот на управување со пандемијата.






