вторник, 28 април 2026

Затворени споредните приклучоци на автопатот Охрид–Кичево кај Требеништа и Мешеишта, сообраќајот преку клучката кај аеродромот

СВР-Охрид ја информира јавноста дека од утре за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези што привремено функционираа на автопатската делница Охрид-Кичево, во близина на селата Требеишта и Мешеишта, во атарот на Општина Дебрца.

Објавено на

часот

Сподели

Заради безбедно вклучување на автопатската делница во близина на тие населени места, возачите на моторни возила од утре исклучиво да го користат пристапниот пат кај клучката во близина на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ до кој водат споредните изградени патишта надвор од автопатот.
Се упатува апел до возачите на моторни возила строго да се придржуваат кон односните насоки, да ја почитуваат поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализција, како и насоките на полициските службеници кои ќе вршат интензивни сообраќајни контроли на тој патен потег со цел, контрола и мерки кон возачи кои ќе се обидат непрописно да се вклучат и ќе го загрозат автопатскиот сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ