Премиерот Скот Морисон, критикуван поради бавното воведување на вакцините, рече дека подобра набавка на вакцини нема да обезбеди излез од пет неделниот карантин воведен во Нов Јужен Велс, но дека е потребно ефикасно и правилно воведено затворање.
Турнбул рече дека австралиската влада не купила доволно вакцини, обезбедувајќи само обилна залиха на Астразенека, иако постои големо колебање околу таа вакцина, и дека не биле купени доволно други вакцини.
„Ова е најголем неуспех на државната администрација што можам да се сетам“, рече Турнбул, кој беше премиер од 2015 до 2018 година, пред Морисон да го собори од лидерското место во партијата, а со тоа и од премиерската должност.
„Тоа беше колосален неуспех, а проблемот е што не можете да го вратите времето и да го поправите она што требаше да се направи минатата година“, рече тој.
„Причината зошто сме затворени – што е толку фрустрирачки кога многу други делови од светот се отвораат – едноставно е во тоа што нашата влада не купила доволно вакцини“, рече тој за Би-би-си.
Досега само 16 отсто од Австралијците над 16 години се целосно вакцинирани, па главниот регулатор за лекови во земјата за време на викендот ги промени препораките со цел да поттикне пошироко земање на вакцината на Астразенека, пренесе Ројтерс.






