Според премиерот Матеуш Моравјецки, вонредната состојба ќе трае 30 дена, бидејќи земјата се соочува со зголемување на бројот на илегалните гранични премини, пренесува Ројтерс.
Во неделата Полска уапси 13 активисти што се обиделе да исечат ограда кон Белорусија направена од боцкава жица, поставена со цел да ги спречи мигрантите да ја преминат границата.
Активистите што ја уништија оградата, 12 Полјаци и еден холандски државјанин, рекле дека тоа го направиле во знак на протест против полските власти, за кои велат дека „нехумано се однесуваат“ кон мигрантите што се обидуваат да стигнат до земјите од Европската Унија.
Голем број мигранти се обидуваат да влезат во Полска и Литванија од Белорусија, а владата во Варшава го обвинува претседателот на Белорусија Александар Лукашенко дека им испраќа мигранти од Ирак и Авганистан во „хибридна војна“, со цел да создаде нестабилност во ЕУ, па затоа Полска почнала да гради боцкава жица на границата со Белорусија.






