Тоа, меѓутоа, предизвикало огорченост кај некои пратеници и воени функционери.
Целта на ваквиот потег, за кој Политико дознал врз основа на изјави на тројца американски функционери и членови на Конгресот, била да се забрза евакуацијата на десетиците илјади луѓе од Авганистан, откако изби хаосот во главниот град на таа земја минатата недела откако талибанците ја преземаа контролата.
Таквиот чекор следел и бидејќи владата на американскиот претседател Џо Бајден им верувала на талибанците кога станува збор за безбедноста надвор од аеродромот, наведува Политико.
„Всушност, тие само наведените Авганистанци ги ставила на листа за отстрел. Тоа е застрашувачко и шокантно“, изјавил еден воен функционер.
На прашањето да ја искоментира оваа информација, Бајден на прес-конференција во четвртокот вечерта кажа дека не е сигурен дека постојат такви листи, но не негираше дека САД понекогаш им даваат имиња на талибанците.
„Имаше ситуации кога нашата војска контактираше свои воени колеги меѓу талибанците и кога, на пример, би кажале дека пристигнува автобус со регистарски број „Х“ во кој има луѓе, и кој ја сочинува следната група луѓе. Тогаш би им кажале дека сакаме да го пропуштат тој автобус или таа група. Значи, да, имало такви ситуации. Колку што знам јас, во тие случаи повеќето е реализирано и тие се пропуштени“, кажа Бајден.
„Не можам со сигурност да ви кажам дали навистина постоела листа со имиња“, додаде тој.
Од падот на Кабул кон средината на август евакуирани се речиси 100.000 луѓе, од кои повеќето морале да минат низ многу талибански контролни пунктови.






