сабота, 25 април 2026

Политико: САД биле предупредени на самоубиствениот напад на аеродромот во Кабул

Објавено на

часот

Сподели

Цитирајќи доверливи белешки од состанок во Пентагон, Политико јави дека генералот Марк Мили, шефот на Здружениот генералштаб на американските оружени сили, им кажал на командантите дека постои „сериозна“ разузнавачка информација за напад на огранокот на Исламска држава, таканаречениот ИСИС-К.

Во извештајот се додава дека американските власти планирале да ја затворат капијата Еби на влезот во аеродромот, каде што се случил самоубиствениот напад.

Американските сили ја држеле капијата отворена подолго отколку што било предвидено, за да им дозволат на Британците безбедно да го евакуираат персоналот на блискиот хотел Берон, додава Политико.

Во нападот беа убиени над 170 авганистански цивили, 13 припадници на американската војска, како и тројца британски државјани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ