„Пет лица сè уште се водат како исчезнати“, кажа Франк Хилдмар, директорот на компанијата Курента, која е оператор на паркот, наведувајќи дека „мораме да претпоставиме дека нема да ги најдеме живи“, пренесува Ројтерс.
Две лица загинаа, а 31 лице се повредени во експлозијата која вчера го стресе Хемпарк, во кој се сместени хемиски компании.
Беше соопштено и дека е сè уште прерано да се каже што ја предизвикало експлозијата и што довело до пожарот во резервоарот со растворувачи.
Експертите сметаат дека пепелта, која по експлозијата паднала врз локалното подрачје, може да биде токсична.
„Додека не стигнат резултатите, жителите би требало да избегнуваат пепелта да падне на нивната кожа и да ја внесуваат дома со чевлите, а не би требало ни да јадат овошје од своите градини“, кажа Херман Гревен од пожарникарската служба на Леверкузен.
[video:https://youtu.be/HwHMHLwIW94 autoplay:0]





