
Малку е официјално познато за очигледната експлозија, за која медиумите известуваат попладнево. Сликите споделени на Твитер покажуваат облак од црн чад што се издига од претпоставеното место на експлозијата, кое изгледа дека е во станбена област.
Kabul explosion pic.twitter.com/lqaDuOmYa8
— Muslim Shirzad (@MuslimShirzad) August 29, 2021
Експлозијата била предизвикана од ракета што погодила куќа во близина на аеродромот, објави новинарот на Би-би-си, Секундер Кермани, повикувајќи се на извор во авганистанското Министерство за здравство. Бројот на жртвите сѐ уште не е познат, а не е јасно кој можеби ја испукал ракетата.
Извори за Си-ен-ен рекле дека ракетата е испукана од ИСИС, а целта биле Американците што сѐ уште се во градот во екот на евакуациите.
Updates:
A house near to Kabul airport hit by a rocket. pic.twitter.com/t3Ue3AXD0s
— Shafi Karimi (@karimi_shafi) August 29, 2021
Соединетите Држави денеска предупредија на „конкретна, веродостојна закана“ во близина на аеродромот во Кабул и ги повикаа своите граѓани да ја напуштат областа, неколку дена по смртоносниот напад врз толпата луѓе што бегаат од владеењето на талибанците во Авганистан. Сепак, не е јасно дали овој ракетен напад е истата закана за која предупредуваа Бајден и амбасадата.
Голем број авганистански цивили загинаа во бомбашкиот напад во Кабул во четвртокот, заедно со 13 американски војници – од кои неколкумина се родени во времето кога почнаа американските воени операции во Авганистан пред 20 години.






