Новиот сој на коронавирусот – Ц.1.2 е откриен во Јужна Африка и неколку други земји, и загрижува тоа што би можел да биде позаразен од останатите отпорен на вакцините, се наведува во ново истражува на јужноафриканскиот Институт за заразни болести.
Истражувањето сè уште чека комплетна рецензија.
Научниците за првпат го детектираа Ц.1.2 во мај годинава, заклучувајќи дека е „наследник“ на сојот Ц.1, што е чудно бидејќи Ц.1 последен пат беше детектиран во јануари. Новиот сој „значително мутирал“ во споредба со Ц.1 и поприлично се одалечил со мутацијата во однос на оригиналниот вирус откриен во Вухан, како и од секој сој откриен по него.
Студијата открила доследно зголемување на бројот на геномот на Ц1.2 во Јужна Африка на месечно ниво, кој пораснал од 0,2 отсто од геномот во мај на 1,6 отсто во јуни, а потоа на 2 отсто во јули, слично на зголемувањето со постоечките бета и делта соеви.
Научниците додале дека се потребни понатамошни анализи за да се разбере точниот број на мутации и да се утврди дали новиот сој има „конкурентска предност“ во однос на делта сојот.






