сабота, 25 април 2026

Нови мерки за влез во Албанија

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Техничкиот одбор на експерти, од 1 септември на сила ќе биде полициски час од 23 часот до 6 часот наутро.

Од 6 септември, сите кои ќе влегуваат во Албанија ќе мора да имаат потврда за целосна вакцинација или да дадат на увид ПЦР тест не постар од 72 часа, односно брз антигенски тест не постар од 48 часа.

За преминување на границата граѓаните може да покажат и потврда дека ја прележале болеста, не постара од шест месеци.

Овие правила се однесуваат и на лицата кои се во транзит низ Албанија, како и на децата постари од шест години.

Во Албанија останува на сила наредбата за носење маски во затворен простор, во трговски центри, супермаркети, продавници, јавниот превоз и на сите места каде не е возможно да се држи физичка дистанца.

Во последните 24 часа во таа земја се потврдени 486 нови случаи на зараза со коронавирусот, додека три лица починале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ