среда, 22 април 2026

Нестварни глетки во Италија: автомобили заглавени среде автопат поради невреме со град (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Колку било силно невремето најдобро зборува податокот дека поради градот на автопатот меѓу Парма и Пјаченца биле оштетени неколку стотици возила, а дека сообраќајницата била затворена неколку часа.

Како што може да се види на снимките, возачите ги сопреле своите автомобили, а на возилата се гледа штетата, пред сè искршените шофершајбни.

Како што јавуваат италијанските медиуми, поради невремето се случиле и неколку сообраќајни несреќи.

Корисниците на социјалните мрежи тврдат дека градот бил со големи на тениски топчиња.

Силниот ветер, обилниот дожд и градот предизвикале значителна материјална штета и во покраините Реџо Емилија и Модена. Таму ветерот корнел дрвја, покриви, а на некои места имало и поплави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ