Засега нема извештај за евентуални жртви, а не се знае кој ги испукал ракетите.
Веднаш по експлозиите се слушнале и истрели, а не се знае ни кој пукал.
Сведоци наведуваат дека се слушнале три експлозии и потоа виделе блесок на небото.
САД продолжија со евакуацијата по ракетниот напад.
Белата куќа соопшти дека владата го информирала претседателот Џо Бајден за „ракетен напад врз меѓународниот аеродром“ во Кабул.
„Претседателот е информиран дека операциите на аеродромот продолжуваат без прекин, а тој ја потврди наредбата на командантите да ги засилат напорите и да направат сè што треба за да ги заштитат нашите сили на терен“, наведе Белата куќа.
САД вчера извршија напад со беспилотно летало врз возило со „повеќе бомбаши самоубијци“ на авганистанската гранка на групата Исламска држава пред да успеат да извршат напад на аеродромот во Кабул, јавија американските власти.
Неименуван авганистански функционер кажа дека во американскиот напад со дрон загинале три деца.
САД утре треба да го завршат повлекувањето од Авганистан.
Од 15 август, кога новите авганистански талибански власти го заземаа Кабул, повеќе земји од аеродромот во главниот град евакуираа над 114.000 луѓе.
[video:https://youtu.be/FQpYMBpVkoU autoplay:0]





