Повикувајќи се на неименувани извори, грчкиот весник пишува дека новите прописи на грчкото министерство за образование имаат цел од септември да се обезбеди сигурна академска година во школите и на универзитетите, и се однесуваат на сите администратори и наставници кои се вработени на неодредено време и по договор.
Според овие одредби, освен намалување на платата, постојано вработениот персонал може да биде суспендиран од должноста и да остане без плата до вакцинирањето, додека на привремениот персонал ќе му бидат суспендирани договорите.
Вработените ќе се соочат и со губење бодови во согласност со системот за бодување во државните служби, што ќе влијае врз нивните шанси за напредување или вработување.






