сабота, 25 април 2026

Најмалку 65 загинати во судирите меѓу владините сили и бунтовниците во Јемен

Објавено на

часот

Сподели

Мариб е последното упориште на моќта на северот од земјата зафатена од војна. Покраината од февруари е место на насилни судири, кога бунтовниците хути започнаа офанзива во областа богата со нафта.

„Имаше 22 мртви и 50 ранети на страната на владините сили, а 43 загинати на страната на хутите во последните 24 часа“, рече неименуван владин претставник.

Од заземањето на главниот град Сана во 2014 година, бунтовниците окупираа голем дел од северот на земјата.

Во последните месеци тие водеа акција за заземање на Мариб, и покрај повиците на меѓународната заедница за прекин на огнот.

Покрај војната, Јемен е и една од најсиромашните земји, каде што 80 проценти од населението зависи од меѓународната помош и е на работ на глад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ