сабота, 25 април 2026

Најмалку 41 лице загинаа во и околу Њујорк откако бурата Ида предизвика силни дождови и поплави (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во Њујорк, економски и културен центар на земјата, полицијата забележа најмалку 12 мртви, од кои 11 веројатно се удавиле во подрумите на зградите, во населбите Менхетн, Бруклин и Квинс.

Жртвите биле на возраст од две до 86 години, а пожарникарите спасиле стотици жители на погодените згради.

Три лица се удавиле во водата додека се обидувале да излезат од автомобил во луксузната област Вестчестер, северно од Менхетн, изјави официјален претставник од таа област.

Најтешкиот биланс го има американската држава Њу Џерси, која се наоѓа спроти Њујорк, каде што најмалку 23 луѓе го загубија животот како последица на невремето, изјави гувернерот Фил Марфи.

Повеќето од жртвите биле заробени во своите возила поради поројот и најверојатно се удавиле, додаде тој.

Во Филаделфија, во сојузната држава Пенсилванија, исто така на истокот од земјата, загинаа три лица, објавија властите.

Улиците и авениите брзо се претворија во реки, во населбите Бруклин и Квинс, како и во округот Вестчестер, северно од Њујорк.

Во Вестчестер, кој се наоѓа на морскиот брег, вчера сѐ уште беа поплавени десетици возила до покривите, а подрумите на убавите традиционални куќи на источниот брег беа преплавени со каллива вода, која на некои места достигнуваше и до 60 сантиметри.

Големиот метросистем во Њујорк делумно започна да работи вчера по поплавата во неколку станици.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=rUFCCJ0JiPs autoplay:0]

Американската метеоролошка служба регистрираше апсолутен рекорд од 80 милиметри дожд на час во Централ парк во Њујорк.

Во текот на ноќта, новиот гувернер на сојузната држава Њујорк, Кец Кочул, прогласи вонредна состојба поради големите поплави во сите области на брегот на градот, кои зафаќаат околу 20 милиони жители.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, чиј град едвај се опоравува од пандемијата на коронавирусот, изрази жалење поради „историскиот метеоролошки настан“.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=1EH78KOndCw autoplay:0]

Ураганот Ида, ослабен до посттропски циклон, го продолжува патувањето на север и над Нова Англија.

Претседателот Џозеф Бајден денеска ќе ја посети Луизијана, држава во јужниот дел на Соединетите Држави, каде што ураганот Ида во неделата стигна до копното, уништи многубројни згради и остави повеќе од милион домаќинства без струја.

„Сите сме заедно во ова. Државата е подготвена да помогне“, рече Бајден.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=CHl2C8NA6Eg autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ