недела, 19 април 2026

Најмалку 31 лице загинаа во пад на воен авион на Филипините (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Двајца пилоти ја преживеаја оваа најтешка несреќа на филипинските воздухопловни сили во последните 30 години, но четворица селани што биле на местото на несреќата се сериозно повредени, пренесува АП.

Авионот превезувал војници, од кои повеќето штотуку се приклучиле во армијата, во провинцијата Сулу на воена обука, а министерот за одбрана на Филипините Делфин Лорензана потврди дека сите патници биле членови на армијата што служеле на аеродромот Лагиндинган, околу 460 километри североисточно од местото на несреќата.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=T5dMinwE5Dk autoplay:0]

Во шумската област на провинцијата Сулу единиците на филипинската армија долго време се бореа против исламските бунтовници од групата Абу Сајаф и други екстремистички фракции, но портпаролот на армијата на Филипините, полковникот Едгар Аревало, потврди дека воениот транспортен авион не бил нападнат и рече дека во фокусот на властите се спасувачка акција и истрага.

Дописникот на АП од припадниците на филипинските воздухопловни сили дознал дека авионот ја промашил пистата, дека потоа пилотите повторно се обиделе да го подигнат авионот, но не успеале, по што се случила несреќата.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=18R5EKdnwkw autoplay:0]

Во соопштението на филипинската армија се цитираат очевидци што тврдат дека непосредно пред падот на авионот виделе како од него скокаат војници за да се спасат од можните експлозии по несреќата.

На снимките објавени на Твитер од АБС-ЦБН њуз се гледаат чад и пламен од остатоците на авионот Локид Ц-130 Херкулес, кој САД ѝ го подарија на филипинската армија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ