Портпаролот на централниот генералштаб Хатам ал Анбија изјави дека клучниот воден пат ќе се врати во претходната состојба на строга контрола поради одбивањето на САД да ја укинат блокадата. Засега не е јасно дали ова значи дека теснецот повторно ќе биде претежно затворен, откако утрово беше регистриран зголемен сообраќај. Податоците за следење на бродовите покажаа континуиран сообраќај дури и по 9 часот наутро.
„Во согласност со претходните договори од преговорите Исламска Република Иран се согласи во добра волја за контролирано поминување на ограничен број танкери за нафта и трговски бродови низ Ормускиот теснец.
За жал, Американците… ја продолжуваат… нивната таканаречена блокада.
Поради ова, контролата врз Ормускиот теснец се врати во претходната состојба, а овој стратегиски премин е под строг надзор и управување на оружените сили.
Додека САД не гарантираат целосна слобода на премин за бродовите од Иран до нивните дестинации и обратно, ситуацијата во Ормускиот теснец ќе остане под строга контрола и во претходната состојба“.
Иранската државна телевизија ИРИБ наведува дека ова значи дека клучниот воден пат „повторно е затворен и дека за минување е потребно одобрение од Иран“.
🚨 BREAKING
Iran’s Central Military HQ:
Iran agreed to allow a limited number of ships to pass through the Strait of Hormuz according to agreements.#But U.S. did not fulfill their obligations.
🚨 So, the Strait of Hormuz is now #closed again and passage requires IRAN approval.— IRIB (Islamic Republic of Iran Broadcasting) (@iribnews_irib) April 18, 2026
Во соопштение на војската објавено пред неколку минути, се наведува дека теснецот „се вратил во претходната состојба“ откако САД одбија да ја укинат поморската блокада на иранските пристаништа во Персискиот Залив.
Иран ја укина блокадата вчера откако стапи на сила 10-дневното примирје меѓу Израел и Либан.
Доналд Трамп му се заблагодари на Иран за отворањето на теснецот, но порача дека САД нема да ја укинат блокадата на бродовите кои влегуваат и излегуваат од иранските пристаништа.
Сообраќајот низ теснецот накратко се зголеми утрово во она што Ројтерс го опиша како прво големо движење на бродови низ Ормускиот теснец од почетокот на војната.






