Деспотовски го отвори резултатот во 23. минута и му донесе предност на својот тим со сигурна реализација.
Откако Македонецот го даде првиот гол, домашните израмнија до паузата на 1-1. Во вториот дел ОФК одигра одлично и даде уште четири гола за убедлива победа.
Инаку, на овој натпревар во победничкиот тим на клупата се врати македонскиот голман Марко Алчевски кој паузираше поради повреда од јули.






