сабота, 25 април 2026

Нѐ чека тешка есен, опасност од нови, поопасни соеви, вели творецот на Спутник V

Објавено на

часот

Сподели

Гинцбург посочи дека во центарот Гамалеја се прави сѐ за да се спречи појавата и последиците од ваквите сценарија, но дека вакцинацијата на глобално ниво е бавна.

Според него, некои земји целосно го вакцинирале населението, додека, на пример, Африка уште нема ни почнато со имунизација.

„Ако сега сите фабрики и погони во светот почнат да произведуваат само една вакцина, не е важно која, би можеле да произведеме доволно за да вакцинираме само 12 до 15 проценти од светската популација, а за да го победиме овој вирус, треба да вакцинираме 70 проценти од населението“, изјави Гинцбург за Глас Српске.

Зборувајќи за руската вакцина, тој напомена дека таа штити од делта-сојот во 83 проценти од случаите, а во 94 проценти од случаите штити од развој на потешки форми на болеста и хоспитализација.

„За разлика од иРНК-вакцините, кои произведуваат само еден вид антитела против протеинот С и така го неутрализираат вирусот, поради што нивната ефикасност против делта-сојот се намалува на 40 до 50 проценти, Спутник V произведува неколку видови на овие антитела, во кои спаѓаат и оние против делта-сојот, а исто така и против британскиот и јужноафриканскиот сој“, објасни Гинцбург.

Делта-сојот е поопасен од сите претходни

Тој изјави дека делта-сојот е поопасен од сите претходни и за разлика од вуханскиот сој, кој кога ќе влезе во клетката може да се реплицира во вирусни честички што влегуваат во крвта, делта-сојот поминува од клетка во клетка преку специјални канали, со што се формираат огромни клетки што произведуваат големи количества вирусни честички, илјадници пати повеќе отколку кај вуханскиот сој.

„Количествата антитела што ги добивате по секоја вакцина или прележана болест не се доволни за да ве заштитат од тоа. За тоа се потребни многу поголеми количества антитела. Ова може да се постигне со добивање трета доза. Засега покажавме дека е најдобро за тоа да се користи Спутник лајт“, рече Гинцбург.

Тој верува дека вакцинацијата на децата е неопходна, но за да се дозволи употреба на вакцина кај деца, таа мора да помине сериозни клинички испитувања, и тоа многу посериозни отколку кај возрасните.

„Пред еден месец ги почнавме клиничките испитувања на Спутник V кај деца на возраст од 12 до 17 години. Различни концентрации на оваа вакцина ќе бидат тестирани, а тие се пониски отколку кај возрасните, и тоа кај 660 деца во текот на една година“, изјави Гинцбург.

Според него, потоа специјалната комисија треба да ги анализира добиените резултати, и ќе се анализира секој, дури и најмалиот несакан ефект.

„Дури кога ќе дојдеме до заклучок дека вакцината е ефикасна и целосно безбедна за децата, ќе биде дозволена нејзината употреба“, рече Гинцбург.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ