среда, 15 април 2026

Москва нареди задолжителна вакцинација и за угостителите, професорите, превозниците…

Објавено на

часот

Сподели

Москва стана првиот град во светот што вакцинацијата против коронавирусот ја направи задолжителна не само за здравствените работници, туку и за вработените во низа индустрии што имаат контакт со јавноста, меѓу кои и работниците во угостителството, превозот и музеите, најави градоначалникот Сергеј Собјанин.

Фирмите што работат во секторите угостителство, образование, здравствена заштита и забава ќе мора да обезбедат вакцинирање на 60% од својата работна сила, според указот потпишан од главниот санитарен лекар во Москва. Указот наложува создавање систем за следење на стапките на вакцинација во услужниот сектор до 1 јули.

Слични барања се најавени и во московскиот регион, во кој заедно со главниот град живеат околу 20 милиони луѓе, или 14% од населението во Русија.

Во соопштението Собјанин рече дека „драматичната“ ситуација во главниот град – со 12.000 хоспитализирани пациенти и број на заболени еднаков на минатогодишните пикови – не му оставила друга опција.

„Ние сме должни да сториме сѐ што можеме за да извршиме масовни вакцинации во најкус можен рок за да се запре оваа страшна болест и да се спречи смртта на илјадници други луѓе“.

„Од секого лично зависи дали ќе вакцинира или не. Но тоа е лична работа само додека седите дома. Кога излегувате и доаѓате во контакт со други луѓе, вие сте соучесник во епидемиолошкиот процес – алка во синџирот што го шири овој опасен вирус“, рече Собјанин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ