Ле Пен беше единствениот кандидат на партиските избори, на кои освои 98,35 проценти од гласовите.
Нејзиниот заменик, Жордан Бардела е избран да го води советот на партијата, кој подоцна ќе му предложи привремен претседател на партиското раководство за време на отсуството на Ле Пен.
Таа претходно најави дека ќе учествува на претседателските избори закажани за следната година во Франција.
Ле Пен на претходните избори во вториот круг загуби од сегашниот претседател Емануел Макрон.






