Тие навеле дека американската војска се подготвува да ја прошири поморската акција против Иран надвор од Блискиот Исток и да заплени танкери и комерцијални бродови поврзани со Иран во меѓународни води.
Во меѓувреме, иранската војска продолжува да ја зајакнува својата контрола врз Ормускиот теснец.
Вчера беа нападнати неколку комерцијални бродови, откако беше објавено дека „Иран строго го контролира Ормускиот теснец“.
Министерот за надворешни работи на Иран Абас Арагчи претходно изјави дека теснецот е целосно отворен за комерцијален сообраќај, што наскоро беше поздравено од американскиот претседател Доналд Трамп.
Иранската револуционерна гарда го негираше тврдењето на Арагчи.






