сабота, 25 април 2026

Макрон: Разговараме со талибанците за евакуација на повеќе луѓе од Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи во Багдад на самитот со неколку лидери од Блискиот Исток, претседателот Макрон рече дека Франција разговарала и со Катар за тоа како може повторно да се воспостави пат за евакуација од Авганистан.

„Почнавме слаби и прелиминарни дискусии со талибанците за прашањето на хуманитарните операции и способноста да ги заштитат Авганистанците што се во опасност“, рече Макрон на прес-конференција.

Макрон додаде дека Франција ќе ги задржи војниците во Ирак како дел од антитерористичките операции сѐ додека ирачката влада има потреба тие да останат, без оглед дали американските војници ќе се повлечат или не.

„Без разлика што ќе одлучат Американците, ние ќе останеме присутни во борбата против тероризмот во Ирак“, рече Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ