„Давам оставка, но не се откажувам“, рече Силиња во телевизиско обраќање до јавноста. Политичарката од десниот центар ќе се повлече само неколку месеци пред редовните парламентарни избори закажани за октомври, објави Ројтерс.
Латвискиот претседател Едгарс Ринкевич, кој според уставот е одговорен за назначување на мандатар на владата, ќе се сретне со претставници на сите парламентарни партии во петок.
Силиња и нејзината партија Ново единство го загубија своето владејачко мнозинство во парламентот еден ден претходно, откако левичарската партија Прогресивни објави дека ја повлекува поддршката за владата.
Одлуката дојде откако министерот за одбрана од нивните редови Андрис Спрудс беше разрешен за време на викендот поради неговото справување со инцидентите со украинските беспилотни летала, кои скршнувајќи од својата рута влегоа во летонскиот воздушен простор од правец на Русија.
Два украински дрона се урнаа во Латвија минатиот четврток. Никој не беше повреден, но едно од нив предизвика краток пожар во складиште за нафта, објави Јуроњуз.
Жителите ги критикуваа властите дека добиле предупредувања 60 минути по инцидентот.






