„Постигнавме договор за реципроцитет за регистарските таблички. Не само што почнавме од важна точка, туку тоа е прифатено во Брисел. Верувам дека тоа е добро реализирано. За правно обврзувачкиот договор Србија мора неспоредливо повеќе да се промени“, додаде Курти на конференција за новинарите.
Тој во суперлативи зборуваше за резултатите на владата во текот на оваа година и ги пофали управувањето со пандемијата и економскиот развој.
Според него, во моментов се вакцинирани преку 60 отсто од граѓаните постари од 18 години.
Што се однесува до економскиот развој, тој кажа дека растот е двоцифрен, со зголемување на приходите и намалување на државните расходи, додека годинава се отворени над 10.000 работни места.
Курти ѝ се заблагодари на Албанија што на Косово му обезбеди струја за новогодишните празници.






