недела, 19 април 2026

Курц: Самитот во Берлин ќе ја потврди европската перспектива на Западен Балкан

Објавено на

часот

Сподели

„Западен Балкан е регион во непосредна близина на Австрија, со кој сме многу поврзани човечки, економски, политички и културолошки. Затоа сме многу заинтересирани за стабилноста на Западен Балкан“, рече Курц во пресрет на видеосамитот со лидерите на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, пренесе австриската агенција АПА.

По покана на германската канцеларка Ангела Меркел, покрај лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија, на самитот попладнево учествуваат и премиерот на Словенија, која сега претседава со ЕУ, Јанез Јанша, и претседателот на Франција Емануел Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги и австрискиот канцелар Курц.

Порталот „Еурактив Полска“ објави дека на собирот ќе учествува и полскиот премиер Матеуш Моравиецки.

Според иницијаторите од тој формат, средбите на претставниците на ЕУ со лидерите на Западен Балкан, кои се одржуваат во рамките на Берлинскиот процес од 2014 година, имаат цел да поттикнат стабилност и мирен дијалог во непосредното соседство на ЕУ.

Австрискиот канцелар Курц рече дека покрај средбата за поддршка на европската интеграција на регионот и регионалната соработка, во преден план на средбата ќе бидат и борбата против пандемијата, миграцијата и економската соработка.

„Нашата цел денес е да ја потврдиме европската перспектива на сите земји од Западен Балкан. ЕУ ќе биде целосна дури кога сите земји од Западен Балкан ќе се приклучат кон неа“, рече Курц, како што пренесе АПА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ