сабота, 25 април 2026

Критики за Бајден зашто гледаше во часовникот за време на оддавањето почит до паднатите војници (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Бајден се сретна со членовите на семејствата на маринците убиени во терористичкиот напад во Кабул, а присуствуваше и на „достоинствениот превоз“ на загинатите војници, што претставува воен ритуал за преземање на посмртните останки на загинатите во битка, објави Фокс њуз.

Меѓутоа, за време на церемонијата, изгледаше како Бајден да гледа во часовникот, што предизвика критики од конзервативците.

„Точно е. Бајден на аеродромот гледаше во часовникот за време на достоинствениот превоз на убиените во Авганистан. Можете да го видите како го мрда левиот ракав за да го види часовникот, а потоа гледа во часовникот“, порача преку Твитер Николас Фондакаро, новинарски аналитичар за Медиа рисрч центар.

Поранешниот гувернер на Арканзас републиканецот Мајк Хакаби потсети на ситуацијата кога Џорџ Херберт Вокер Буш (1924-2018) гледаше во часовникот за време на дебата и како „сето тоа изгледаше ужасно“ во тоа време.

„Меѓутоа, ова е шокантно и ќе се памети“, напиша Хакаби на Твитер, објавувајќи видео од Бајден.

Воениот ветеран што се бореше во операцијата Пустинска бура Семјуел Вилијамс исто така го критикуваше Бајден.

„Се чинеше дека му е непријатно што мора да покаже почит кон тие американски херои“, рече Вилијамс.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=iY5A3Be_Ux8 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ