сабота, 25 април 2026

Косово се вооружува, пристигнаа американски оклопни возила (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На свеченоста на претставувањето на овие возила на која беше присутен и премиер на Косово Аљбин Курти, Османи им се заблагодари на САД на донацијата и кажа дека народот на Косово засекогаш ќе му биде благодарен на американскиот народ.

„Ова е посебен ден за Косово, бидејќи нашиот стратегиски партнер, САД, ни донираат 55 големи воени возила за нашите оружени сили, што ќе помогне дополнително да ги зајакнат своите способности и да ја продлабочат интеракцијата на нашата војска со сојузничката војска. Како врховен командант на овие сили многу сум среќна што се остварува нашиот заеднички сон војската на нашата земја да создаде оперативни капацитети блиски на нашите сојузници и да се построи со нив во обезбедување на мирот“, кажа косовската претседателка.

Османи изрази надеж дека Приштина наскоро ќе обезбеди и хеликоптери.

Курти кажа дека и покрај влошувањето на ситуацијата со коронавирусот, Косово продолжува да биде посветено на работата со сојузници во придонес на трајниот мир, долгорочната стабилност, регионалната и глобалната безбедност.

„Нашата земја дочекува авганистански бегалци, воено го поддржува мирот на Блискиот Исток и ги поддржува земјите од регионот во соочувањето со природните катастрофи, како што беше случај со Албанија“, кажа тој.

[video:https://youtu.be/1BYiptNhUZM autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ